НЕ Е НИТУ СРЕЌЕН, НИТУ ПАК ГОРД НА ОДЛУКАТА, НО...

ДАЛИЌ САКА ЧИСТИ СМЕТКИ: Три пати му давав шанса на Калиниќ

За прв пат по враќањето од Русија, селекторот на хрватскиот национален тим говори за исфрлањето на Никола Калиниќ од екипата, но и некои други теми...

објавено: 20 јули 2018 - 10:30

Никола Калиниќ мораше да го напушти составот на „коцкестите" откако на првиот мундијалски меч одби да влезе како замена. А нешто слично, како што потрвдува Далиќ, на Калиниќ му се повторило и пред Светскиот шампионат, кога исто така како „причина" за невлегувањето во игра, ги навел болките во грбот.

„Нема многу да се навраќам на таа ситуација. Жал ми е поради сето тоа. Ќе ви кажам само нешто, од моја страна сторив се за да не дојде до тоа. Не сум ни среќен ниту горд поради одлуката да го испратам дома од Светското првенство. Три пати му дадов шанса да се врати. Последниот пат го чекав цел ден" – искрено си зборува новиот национален херој на хрватскиот фудбал на оваа „тема".

Далиќ, кој инаку по потекло е од Ливно (БиХ), зборува и за државата во која се родил.

„Знам кој сум и што сум. Знам што бев и што се мораше да поминам да би дошол до ова. Единствено би им порачал на нашите луѓе во Босна и Херцеговина од каде сум, но и да не си заминат од државата, да останат во таа убава земја. Мораме да работиме за подобро утре. На сите нас, без оглед од кој град сме, од која вера сме. Треба да ја сакаме БиХ" – додаде селекторот на „огнените", кој наводно можел да биде и селектор на овој национален тим.

"Порано Чиро Блажевиќ ме повика за негов помошник. Но понудата не ја прифатив само од една причина затоа што веќе имав друга опција. Понудата ја прифатив порано, а токму во тоа време ми се јави Чиро, со предлог да му бидам прв соработник. После неговото заминување, добив понуда да бидам селектор за 'змаевите'. Но морав да ја одбијам. Можеби не беше реално да бидам селектор на БиХ, немав сили за такво нешто"- призвана Далиќ.

Но тоа е само едно минато во неговата кариерата која по спектаклот во Русија премина во нешто врвно.

 

Најново во Меѓународен Фудбал