СЕДУМ ГОЛА ПОСТИГНАТИ НА МЕЧОТ СПАРТАК МОСКВА РЕНЏЕРС...

Ајнтрахт, Лацио и Челзи во нокаут-фазата, Николов со важна победа во Лига Европа! (ВИДЕО)

Беа одиграни уште нов голем број на натпревари од четвртото коло во групите на Лига Европа преку кои полека ги дознаваме првите учесници во нокаут-фазата.

објавено: 8 ноември 2018 - 21:01

Ајнтрахт Франкфурт во групата Х дојде и до четвртата победа остварена во Никозија над Аполон со 2:3 и заедно со Лацио беше подобар од Марсеј (2:1) ќе играат во следната фаза.

После првото полувреме на „Олимпико" водеше римскиот клуб со голот на Пароло (45+1), зголеми Кореја (55.), а поразот на Французите го ублажи Товин пет минути подоцна.

Сигурен учесник во 1/16 финалето на ЛЕ е и тимот на Челзи кој исто така има серија „четири од четири". Лондонските „сини" во Борисов Арената со голот на Жиру триумфираа над БАТЕ, за францускиот интернационалец ова е прв гол за премиерлигашот од мај, прв под раководство на Маурицио Сари.

Во истата група Л важна победа забележа МОЛ Види над ПАОК (1:0) со погодокот на Миланов во 50. минута од средбата. Само осум минути по таа реализација, во игра влезе македонскиот интернационалец Бобан Николов токму како замена за Бугаринот.

Лига Европа, 4. коло

Група Д

Фенербахче-Андерлехт 2:0
21:00 часот Динамо Загреб-Трнава

Табела: Динамо Загреб 9 бодови, Фенербахче 7, Трнава 3, Андерлехт 1.

Група Г

Рапид Виена-Виљареал 0:0
Спартак Москва-Ренџерс 4:3

Табела: Виљареал 6 бодови, Ренџерс 5, Спартак Москва 5, Рапид Виена 4.

Група Х

Лацио-Марсеј 2:1
Аполон-Ајнтрахт Франкфурт 2:3

Табела: Ајнтрахт Франкфурт 12 бодови, Лацио 9, Марсеј 1, Аполон 1.

Група И

Генк-Бешикташ 1:1
Малме-Сарпсборг 1:1

Табела: Генк 7 бодови, Сарпсборг 5, Малме 5, Бешикташ 4.

Група Ј

Акхисар-Севиља 2:3
Краснодар-Ст. Лиеж 2:1

Табела: Севиља 9 бодови, Краснодар 9, Ст. Лиеж 6, Акхисар 0.

Група К

Астана-Јаблонец 2:1
Динамо Киев-Рен 3:1

Табела: Динамо Киев 8 бодови, Астана 8, Рен 3, Јаблонец 2.

Група Л

БАТЕ-Челзи 0:1
МОЛ Види-ПАОК 1:0

Табела: Челзи 12 бодови, МОЛ Види 6, ПАОК 3, БАТЕ 3.

Најново во Меѓународен Фудбал