ДАЛИ „РОСОНЕРИТЕ“ НАЈАВУВААТ ДОБРА СЕЗОНА?

УБАВ ДЕН НА „САН СИРО“: Прв гол на Милан сезонава - и тоа каков (Видео)

Продолжува убавиот ден за клубот кој да потсетиме претходно доби прекрасна вест од Спортскиот Арбитражен суд во Лозана дека сепак ќе игра во Лигата на Европа.

објавено: 20 јули 2018 - 17:59

„Росонерите" ќе го гледаме во европските фудбалски натпреварувања, а денеска го имаше и првиот тест како подготовка за новата натпреварувачка сезона.

Не можеа да имаат подобар почеток на летните подготовки, а тоа го покажува и првиот гол кој го постигна Сусо од слободен удар против тимот на Новара.

Во 23. минута шпанскиот интернационалец го доведе составот од „Сан Сиро" во водство, а пред крајот на првото полувреме предноста ја зголеми Калабриа.

Најново во Меѓународен Фудбал