ИМА ПРИЧИНИ „СВЕТЦИТЕ“ ДА БИДАТ ГОРДИ

ТРИО-ФАНТАСТИКО: ПСЖ ги има најдобрите фудбалери на Мундијалот!

Францускиот клуб може да биде среќен што има ѕвезди кои блескаат и на репрезентативно ниво, односно на Светското првенство во Русија.

објавено: 2 јули 2018 - 20:45

Младиот Килијан Мбапе блесна на осминафиналниот дуел за француската репрезентација во победата со два гола против Аргентина, и докажа уште еднаш зошто неговата вредност изнесува 180 милиони евра.

Секако не го забораваме и неговиот спринт од 70. метри, беше пребрз за противниците и донесе пенал за „триколорите". Легендата Пеле беше краток и јасен: „Добредојде во избраното друштво".

Вториот од фантастичното трио е ѕвездата на Уругвајците, Единсон Кавани кој се најде во центарот на вниманието, иако повеќе се говореше за дуелот помеѓу Луис Суарез и Кристијано Роналдо.

Со два гола ги испрати Португалците дома, но јужноамериканците сега стравуваат, бидејќи на крајот од тој меч се пожали на повреда и неговиот настап во четвртфиналето е под знак прашалник.

И на крајот третиот напаѓач Нејмар кој денеска не наида на ниту една критика после победата на Бразил против Мексико, немаше никакво актерство од негова страна и токму тој беше најзаслужниот за пласманот во следната фаза.

Воедно оствари нов рекорд, имено со својот погодок, го реализираше рекордниот 227. гол на Бразил на Светските првенства, со што ја направи својата земја како најефикасна во историјата на Мундијалите. Германците беа елиминирани во групната фаза и тие застанаа на 226. погодоци.

Уште пред стартот на СП се сметаат „кариоките" за најголеми фаворити на титулата, а како предводник на тој пат сите го гледаат токму Нејмар.

Кога сме веќе кај ПСЖ, веќе одредено време се шпекулира доаѓање на уште еден веќе докажан фудбалер во светот, станува збор за голманот Џанлуиџи Буфон и доколку тој наскоро дојде во Париз, можно е да очекуваме нов европски владетел и биде симнат Реал Мадрид од тронот.

Најново во Меѓународен Фудбал