ЗА НЕДЕЛНИОТ ДУЕЛ ОД УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ ПРОТИВ МАКЕДОНИЈА

Требаше да бидат во Скопје: Без причина ерменските навивачи биле одбиени!? (ВИДЕО)

Македонската амбасада во Русија одби да им даде визи на членовите на „First Armenian Front" кои се подготвуваа да заминат за Скопје да им ја дадат поддршката на ерменските фудбалери во дуелот против Македонија во рамките од УЕФА Лигата на Нации, пренесува „panarmenian.net"

објавено: 8 септември 2018 - 16:56

Член на таа навивачка група, Сергеј Јањојан се огласи на Фејсбук дека Амбасадата го повлече процесот без очигледна причина и во петокот, на 7 септември, беше објавено дека сите оние кои аплицирале за визи биле одбиени.

Ерменскиот национален фудбалски тим веќе пристигна во Скопје сместен во хотел „Мериот", својот дуел против македонската репрезентација ќе го в недела на „Филип Втори" Арената од 18:00 часот.

Да потсетиме, во првото коло од групата 4 (Лига Д), Ерменија го победи Лихтенштајн со 2:1 на домашен терен, а Македонија на гости со 0:2 славеше кај Гибралтар.

-АКО НИШТО ДРУГО БАРЕМ НА АЕРОДРОМ ПРЕД ДА ОТПАТУВААТ ЗА СКОПЈЕ, ЕРМЕНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СО ПОДДРШКА ОД НАВИВАЧИТЕ-

Најново во Меѓународен Фудбал