легендата на „топчиите“ почнува тренерска работа

Тиери Анри ќе ја враќа Астон Вила во Премиерлигата

Некогашниот француски напаѓач сега ќе биде во улога на менаџер на тимот од Бирмингем

објавено: 24 јули 2018 - 17:44

Тиери Анри се враќа во англискиот фудбал, но овојпат како тренер. Според најавите од Островот, некогашната фудбалска легенда на Арсенал, се согласил да биде нов тренер на Астон Вила.

Тимот од Бирмингем во новата сезона ќе биде дел од Чемпионшип, што е втората лига во Англија. Главната цел е екипата да се врати во елитната Премиерлига. Анри се согласил да седне на клупата на тимот, каде засега уште официјално менаџер е Стив Брус.

Анри како фудбалер успеа да се запише во историјата како еден од најдобрите стрелци на англиското првенство. Како менаџер нема големо искуство. Тој е втор помошник во струќниот штаб на белгиската репрезентација, која неодамна стигна до третото место на Светското првенство во Русија.

Најново во Меѓународен Фудбал