НА МЕЧОТ ОД УЕФА ЛИГАТА НА НАЦИИ ПОМЕЃУ АНГЛИЈА И ШПАНИЈА

Тежок пад на несреќниот Лук Шо, и Мурињо не можеше да гледа...! (ВИДЕО)

Во Лигата „А" на стадионот „Вембли" репрезентацијата на Шпанија со 1:2 триумфираше против Англија. Повеќе информации околу натпревар можете да прочитате ТУКА

објавено: 9 септември 2018 - 08:00

На овој меч, на почетокот од второто полувреме фудбалерот на Манчестер Јунајтед доживеа сериозна повреда на главата после дуелот со шпанскиот репрезентативец Карвахал.

Несреќниот Лук Шо беше изнесен на носилки после ужасниот пад, загрижени лица на трибините, а секако еден од нив беше и менаџерот на „црвените ѓаволи", Жозе Мурињо.

Многумина се исплашија за членот на Јунајтед кој веќе има проблем во текот на својата кариера кога ја скрши ногата во мечот од Лигата на шампионите против ПСВ.

Навивачите на Англија и португалскиот стратег по извесно време добија позитивни вести, Лук Шо добро се чувствува, дека е свесен и веќе им испрати порака на сите кои се запрашаа за неговото здравје.

Најново во Меѓународен Фудбал