СЕ РЕДАТ УДАРИТЕ ОД БЕЛАТА ТОЧКА

СВЕТСКО НА ПЕНАЛИ: Поради ВАР паѓа рекорд од 2002 година!

Во првите две кола од годинешното Светското првенство беа изведени дури 13 пенали колку што имаше севкупно на Мундиналот во Бразил пред четири години.

објавено: 25 јуни 2018 - 10:33

Во Русија во првите 32 натпревари беа досудени 13 удари од белата точка, додека во Бразил 13 пенали имаше во 2014. година. Еден досуден пенал, за Бразил против Панама, беше поништен после ВАР снимката.

Од ФИФА се задоволни од досегашното судење и успешната соработка со ВАР екипите, што во целина е позитивно прифатено и ценето во фудбалската заедница.

На Светското 2002. година во Јапонија и Јужна Кореја имаше 18 пенали, а со ритамот кој е започнат во Русија во пресрет на третото коло од групната фаза можно е наскоро да биде надминат тој рекорд.

Најново во Меѓународен Фудбал