како сакаа уругвајците да победат кога...

Суарез не ја пипна топката во противничкиот шеснаесетник

Французите добро знаеја на кого треба најмногу да внимаваат, посебно кога стана јасно дека Кавани нема да се појави на теренот поради повреда

објавено: 6 јули 2018 - 18:12

Франција полесно од очекувањата го победи Уругвај и се пласираше во полуфиналето на Светското првенство во Русија. „Галските петли“ дадоа по еден гол во двете полувремиња и ги решија сите дилеми околу тоа кој тим ќе биде меѓу четирите најдобри на планетарниот собир. 

За тоа колку уругвај не беше опасен покажува и фактот дека нивниот најдобар играч Луис Суарез ниту еднаш не успеал да се спои со топката кога беше во противничкиот шеснаесетник. Суарез не ја пипнал топката во опасниот простор на Франција, додека Единсон Кавани поради повреда воопшто не беше на теренот за да помогне на Уругвај. 

Во една таква ситуација, повеќе од очекувано е што Уругвај не даде гол против Франција. „Галските петли“ со оваа победа станаа само втората репрезентација која успеала на едно Светско првенство да победи три Јужноамерикански селекции. Франција во Русија беше подобра од Уругвај, Перу и Аргентина. Претходно тоа и успеало само на Холандија на Мундијалот во 1974 година. 

Најново во Меѓународен Фудбал