КАРЛОС САНЧЕЗ ДОБИВА СМРТНИ ЗАКАНИ, А СЕ ЗНАЕ ШТО ТОА ЗНАЧИ

Страв дека Колумбија може да добие трагедија како на СП 1994 кога беше убиен Ескобар

Пред 24 години на Мундијалот во САД, Андрес Ескобар беше убиен бидејќи си даде автогол во дуелот со САД (1:2), а сега истото може да му се случи на играчот кој доби црвен картон и направи пенал во поразот на Колумбија од Јапонија (1:2)

објавено: 21 јуни 2018 - 18:01

Тажниот спомен од убиството на Андрес Ескобар го разбранува сите во таборот на Колумбија на Мундијалот во Русија. Играчот за врска, Карлос Санчез доби смртсни закани, откако на дуелот против Јапонија направи пенал и доби црвен картон, по што Колумбија загуби со 1:2. 

Санчез сакајќи да спречи гол, играше со рака, а поради тоа доби исклучување уште во третата минута, а Јапонија од пенал даде гол за водство од 1:0. На крајот „самураите“ победија со 2:1, а Колумбија ако беше фаворит, го започна Мундијалот со пораз. 

Оваа ситуација со Санчез потсети на тоа што се случи пред 24 години на планетарниот собир во САД. Тогаш Колумбија играше против домаќинот САД, а Андрес Ескобар имаше несреќна интервенција и си даде автогол. Колумбија го загуби тој меч со 1:2. 

Веднаш по средбата, Ескобар доби смртни закани, а веднаш по враќањето во Колумбија, во градот Меделин беше убиен на улица.

Пред да биде убиен, убиецот на Ескобар му се обратил со зборовите „Фала ти за автоголот“ и го застрелал. 

Најново во Меѓународен Фудбал