РИВАЛИТЕ ЌЕ ИМААТ ТЕШКА ЗАДАЧА

СТРАШЕН ТАНДЕМ: Сидорф и Клајверт повторно заедно!

Поранешниот трофеен холандски фудбалер Кларенс Сидорф е именуван за селектор на камерунската репрезентација.

објавено: 7 август 2018 - 15:30

Прв асистент на Сидорф ќе биде поранешниот соиграч од Ајакс и селекцијата на Холандија, Патрик Клајверт, кои ќе имаат задача да направат што подобар резултат на Африканскиот куп на нации на почетокот од наредната година токму во Камерун.

Сидорф досега во тренерската кариера ги водеше Милан, кинескиот Шенжен и Депортиво Ла Коруња, но во сите три клуба добиваше отказ.

Одлична кариера имаше како играч, особено што е единствениот кој освоил трофеј во Лигата на шампионите со три различни екипи (Ајакс, Реал Мадрид, Милан), а настапуваше уште за Сампдорија, Интер и Ботафого, пред да заврши со активното играње пред четири години.

Најново во Меѓународен Фудбал