КАКОВ Е ОВОЈ МУНДИЈАЛ ВО СПОРЕДБА СО ПРЕТХОДНИTE?

СТАТИСТИЧКИ ПРЕГЛЕД НА СП: Уругвај не знае да прими гол, Кејн прв стрелец..! (Фото)

Во продолжение погледнете ја официјалните бројки на ФИФА после завршувањето на натпреварите од групната фаза во Русија.

објавено: 29 јуни 2018 - 22:11

Видовме неколку изненадувања, поголеми и помали, првите 48 натпревари на Светското првенство ги гледале 2.178.894 милиони луѓе, односно во просек 45.394.

Постигнати се 122 голови, односно 2,54 во просек. Најмногу голови постигна Белгија - девет. Најмалку голови реализираше дури 13 репрезентации - два. Најмногу голови примила Панама - 11, а Уругвај е единствениот на Мундијалот досега без примен погодок (5:0 гол-разлика во групната фаза).

Судиите 24 пати покажале на белата точка, просечно имаше пенал на секој втор меч. Постигнати 18, а нереализирани шест. Во првата фаза видовме девет автоголови.

Занимливо е тоа што резервните играчи постигнале само 11 од 122 голови, односно 9%. Во првите 45. минути имаше 45, а во вторите 75 погодоци, што е сигурно исто така интересен податок и за обложувачите.

Во судиското надополнување од првото полувреме биле постигнати само три гола, а во судиското надополнување од второто дури 16. Во првите 10 минути имаше осум погодоци (6,56 отсто), а во последните 10 минути вкупно 27 (22,13 отсто).

Најдобар стрелец во првата фаза е Хари Кејн (Англија) со пет голови, најмлад стрелец е Килијан Мбапе (Франција) кој постигна гол на 19 години и шест месеци. Најбрзиот гол го постигна Кристијано Роналдо (Португалија) против Шпанија после само три минути и 48 секунди.

Победи со најголема разлика беа Русија-Саудиска Арабија 5:0 и Англија-Панама 6:1. Натпревари со најмногу голови беа Белгија-Тунис 5:2 и Англија-Панама 6:1.

Најмногу победи, максимални три имаат Белгија, Хрватска и Уругвај, а селекциите на Египет и Панама се единствение со по три максимални порази.

На првите 48 натпревари беа доделени 158 жолти картони, односно 3,29 во просек. Судиите покажале три црвени картони во првата фаза. Најмногу жолти картони имаше Панама - 11, а најмалку по еден Саудиска Арабија, Шпанија и Уругвај. Црвени картони заработија Карлос Санчез (Колумбија), Жером Боатенг (Германија) и Игор Смолников (Русија).

Во табелата можете да направите споредба на ова Светско првенство со претходните:

Најново во Меѓународен Фудбал