ИАКО „НЕРО-АЅУРИТЕ“ ТРИУМФИРАА МИНИМАЛНО НАД АТЛЕТИКО (1-0)

СРАМ ЗА БАРСА: Тотенхем го освои Интернационалниот Куп на шампиони! (ФОТО)

На последниот натпревар од ова престижно натпреварување Интер триумфираше со 1:0 против Атлетико Мадрид.

објавено: 12 август 2018 - 08:35

Иако „неро-аѕурите" славеа со спектакуларниот погодок на Лаутаро Мартинез, сепак поради подобрата гол-разлика Тотенхем го освои првото место во конечната табела.

Вкупно 18 екипи ова лето беа дел од Интернационалниот Куп на шампиони, како подготовка и темпирање на формата пред новата сезона во најсилните европски лиги.

На конечната табела првопласиран е Тотенхем со седум бодови (7:3, гол разлика), пред Борусија Дортмунд (6:3) и Интер кој заврши на третата позиција (3:1).

Зачудувачки, но оние најсилните се најдоа во долниот дел од табелата, Барселона шокантно заврши на дното со два бода. Интересен е фактот што Барса единствениот триумф на пенали го забележа токму против Тотенхем (3:2), а два порази претрпе од Рома (2:4) и Милан (0:1).

-КОИ СЕ НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ ВО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ КУП НА ШАМПИОНИ-

Асенсио (Реал Мадрид) 3 голови
Лаказет (Арсенал) 3 голови
Бејл (Реал Мадрид) 2 голови
Санчез (Манчестер Јунајтед) 2 голови
Силва (Манчестер Сити) 2 голови
Фавили (Јувентус) 2 голови
--

Најново во Меѓународен Фудбал