ДАЛИ Е НА МЕСТО РАЗМИСЛУВАЊЕТО НА ХОЛАНДСКИОТ ФУДБАЛЕР?

Снајдер: Што ви е луѓе, па Роналдо не може сам...!

Јувентус ова лето доведе историско засилување од редовите на Реал Мадрид, португалската ѕвезда Кристијано Роналдо и така драстично се зголемија амбициите во новата сезона.

објавено: 17 август 2018 - 18:00

За Португалецот италијанскиот шампион плати нешто повеќе од 100 милиони евра, петкратниот освојувач на „Златната топка" доби и 30. милиони евра годишно, што за италијански услови е огромна сума.

Покрај Роналдо, пристигнаа уште неколку добри играчи во редовите на Јувентус, како што се Жоао Кансело, Емре Џан, Леонардо Бонучи и Матија Перин.

Сепак, холандскиот фудбалер смета дека тоа не е доволно да се освои трофејот во Лигата на шампионите:

„Дали може Јуве да ја освои Лигата на Шампионите сега кога го има Роналдо? Не, не мислам дека може! Навистина, не можам да ги разберам луѓето околу светот кои мислат дека се ќе зависи само од Роналдо во обидот да се освои трофејот во ЛШ!!

Мислам дека еден играч не може сите нешта да ги промени, па макар бил и Кристијано Роналдо. Јуве беше добар во Лигата на шампионите и во претходните години, но еден играч не може целосно сам да го освои тоа елитно натпреварување.

Има посилни тимови од Јувентус. Од друга страна, за освојување на Лигата на Шампионите им треба нешто повеќе од Роналдо.

Според мене, Кристијано Роналдо нема да има никакви проблеми во Италија, има квалитет и е многу професионален. Тоа брзо ќе се прилагоди, јас сум убеден во тоа", рече Снајдер.

Најново во Меѓународен Фудбал