НЕ Е ТИПИЧНО КАКО ЗА ВОДЕЊЕ НА „КРАЛСКИ КЛУБ“

Смешна е сумата: Познато колку ќе заработува Лопетеги во Реал

Ако се спореди со парите кои ги добиваат останатите тренери во големите европски клубови, јасно е дека мадриѓани многу добро успеале да се договорат и да заштедат

објавено: 21 јуни 2018 - 09:40

Хулен Лопетеги ќе добива по шест милиони евра по сезона за работата во Реал Мадрид. Новиот тренер на Реал Мадрид пред една недела беше претставен, но се криеше неговата плата.

Радио „Кадена СЕР“, откри дека Лопетеги ќе биде на клупата на „кралскиот клуб“ за годишна плата од шест милиони евра. Оваа сума е двојно погоема од тоа што Лопетеги го добиваше како селектор на Шпанија. На само два дена предпочетокот на Светското првенство Лопетеги прифати да биде тренер на Реал, што веднаш значеше и негово бракање од селекторската функција. 

Иако Лопетеги се договори за двојно поголема плата од таа што ја имал како предводник на „црвената фурија“, оваа сума е мала, ако се споредат платите кои ги добиваат останатите тренери во големите европски клубови. 

Како за споредба, неговиот претходник Зинедин Зидан имаше годишна плата од 10 милиони евра. Новите тренери на ПСЖ и Арсенал, Томас Тухел и Унаи Емери потпишаа за по 8 милиони евра по сезона, колку што добива и Масимилијано Алегри во Јувентус, а толкава ќе биде и плататана новиот тренер на Баерн Минхен, Нико Ковач. 

Платата на Лопетеги не ни може да се споредува со таа на Пеп Гвардиола кој во Манчестер Сити добива дури 22 милиони евра, додека Жозе Мурињо во Јунајтед работи за 18 милиони евра по сезона. Во Шпанија, најплатен е Диего Симеоне со 14 милиони евра по сезона во Атлетико, додека тренерот на Барселона, Ернесто Валверде има плата од 12 милиони евра. 

Најново во Меѓународен Фудбал