СЕЛЕКТОРОТ КУПЕР ГИ ОБЈАВИ СТАРТНИТЕ 11 НА ЕГИПЕТ

Сите се прашуваа дали Салах ќе игра против Уругвај, еве го одговорот! (Фото)

Од 14:00 часот на програмата е вториот натпревар на Светското првенство во Русија.

објавено: 15 јуни 2018 - 13:17

Објавени се официјално стартните состави за вториот натпревар од групата А помеѓу репрезентациите на Египет и Уругвај.

Во текот на вчерашниот ден селекторот Купер со 100% сигурност најавуваше дека Мохамед Салах ќе настапи, но дефинитивно не од првата минута.

Тој доживеа повреда на рамената во финалето од Лигата на шампионите на 26. мај, и веднаш излегуваа шпекулации дека ќе го пропушти стартот на СП.

Стартните состави -

Египет: Елшеневи, Фати, Хегази, Абедишефи, Еленени, Хамед, Варда, Елсајд, Трезеге, Мохсен.

Уругвај: Муслера, Варела, Хименез, Годин, Касерес, Бентанкур, Весино, Нандез, Де Араскаета, Кавани, Суарез.

Најново во Меѓународен Фудбал