И ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА ВО РИМ

Син на легендарен напаѓач ја засили „Волчицата“! (Фото)

Долг период се шпекулираше ваквиот трансфер, Џастин Клајверт е нов фудбалер на Рома.

објавено: 22 јуни 2018 - 19:57

Неговиот досегашен клуб Ајакс ќе добие 17,5 милиони евра и додатни бонуси во вредност од еден и пол милион евра.

Џастин е син на легедарниот Патрик Клајверт, легенда на холандскиот фудбал. Потпиша договор на пет години со римскиот клуб, односно истекува на 30. јуни 2023 година.

„Се чувствувам одлично, се наоѓам во еден неверојатен клуб и едвај чекам да започнам", рече новајлијата на калчолигашот.

Во дресот на Ајакс од 56. настапи реализираше 13 голови. Игра на позицијата лево крило, а годинава дебитираше за „лалињата" во победата на пријателскиот натпревар против европскиот шампион Португалија.

Најново во Меѓународен Фудбал