ПОГЛЕД ВО ИДНИНАТА

Што после СП: За Французите нема страв, Меси се предомисли, а Роналдо...!

Неодамна заврши Мундијалот во Русија, какви промени може да очекуваме во составите на великаните?

објавено: 19 јули 2018 - 13:40

Франција го освои светскиот трофеј, селекторот Дидие Дешам не би требало да има никакви проблеми во одржувањето на тимот пред наредните предизвици.

Во најдобрите години се наоѓаат Погба, Гризман, Умтити, Варан, а најдобриот млад играч на СП Мбапе има само 19. години.

Германците кои беа шампиони во 2014. година, единствено имаат една дилема, наскоро би можел со националниот дрес да се прости Месут Озил.

Белгијците не мора да менуваат многу, ги имаат Азар, Лукаку, Де Брујн, а нешто слично се очекува и од Англија која стигна до четвртата позиција на Мундијалот.

Бразилците иако фаворити ги разочараа своите навивачи. „Кариоките“ се збогуваат со Марсело и Тиаго Силва, му веруваат на селекторот Тите, а Нејмар останува лидер да биде и во блиска иднина.

Имаше многу шпекулации дека Меси го игра последното СП, но кај ѕвездата на Барселона има желба да одигра уште еден Мундијал за „гаучосите". Си заминаа Маскерано и Биглија.

Шпанците го сменија шефот, наместо Јеро дојде Луис Енрике, а како што е веќе познато со „фуријата" се раздели Андрес Иниеста.

И на крајот Португалија, се очекува заминување на Кварежма и Пепе поради годините, но Роналдо исто како Меси, ѕвездата на Јувентус сака да се загрее во наредните четири години за СП 2022 Катар.

Најново во Меѓународен Фудбал