АРГЕНТИНСКИОТ СЕЛЕКТОР ПРЕД ГОЛЕМИ МАКИ

ШТО КРИЈАТ БЕЛЕШКИТЕ: Тактиката на Сампаоли за Нигерија! (Фото)

„Гаучосите" успеаја да освојат само бод во првите две кола и во последната рунда мора да ја совладаат Нигерија, а претходно Исланд не триумфира над Хрватска.

објавено: 23 јуни 2018 - 22:45

Без сомнение во тешка ситуација се наоѓа репрезентацијата на Аргентина, а најмногу селекторот Хорхе Сампаоли кој при евентуална елиминација, ќе биде соочен со напуштање на клупата.

Многу критики овие денови, целата игра е базирана само врз Меси, не го повика Икарди, не им дава голема минутажа на Игуаин и Дибала, а кога ќе се затвори, неговата селекција е немоќна.

На интернет се објавени и фотографии од денешниот тренинг на Аргентина на кои се гледаат белешките на Сампаоли во кои е запишана тактиката за дуелот со Нигеријците.

Останува да видиме дали неговите замисли ќе успеат, на 26. јуни во Ст. Петерсбург кога ќе се соочат двете репрезентации, а истиот ден во Ростов Арена ќе играат Исланд и Хрватска.

На табелата во групата Д води Хрватска со шест бодови, Нигерија има три, а по еден Исланд и Аргентина.

Најново во Меѓународен Фудбал