СЕ ВОЗНЕМИРИ ПОРТУГАЛЕЦОТ

Што им порача Роналдо на Иранците? (Видео)

Една руска телевизија објави едно кратко видео на кое се гледа како Кристијано Роналдо се обидува да ги смири бучните ирански навивачи.

објавено: 25 јуни 2018 - 15:30

Португалија вечерва игра решавачки меч против Иран за пласман во осминафиналето на Светското првенство и само победа им е опција.

Секако главна цел на Иранците ќе им биде да го спречат токму Роналдо и токму пред неговиот прозорец создадоа вистинска бука, а Португалецот кратко и јасно од нив побара да го остават на мира и дека мора да спие.

Не знаеме дали апелот на Ронадлдо завршил успешно, но ако биде расположен како во првите две кола, нема да му биде лесно на Иран.

Најново во Меѓународен Фудбал