ШТО МИСЛИТЕ, КАКВИ ИМ СЕ ШАНСИТЕ?

ШТО Е ПОРЕАЛНО: Бразил, Србија или Швајцарија во „аут“?

Со вечерашниот пораз од Швајцарија, Србија ги намали шансите за пласман во осминафиналето на СП.

објавено: 22 јуни 2018 - 23:04

И покрај тоа што триумфираа на стартот од Мундијалот против Костарика, останатите резултати од групата Е не им одеа во корист на Србите.

Тоа што најлошо можеше да им се случи е да загубат од Швајцарија, а истата репрезентација одигра нерешено против Бразил. Токму тоа и се случи, победата над Костарика во првото коло нема да им значи ништо ако во последното не триумфираат и против „кариоките".

Бразилците се први во групата со четири бодови, колку и Швајцарците (3:2), но „кариоките" имаат подобра гол-разлика (3:1). Трета е Србија со три бода и гол-разлика 2:2, а Костарика е последна без бодови и таа е надвор од трката за осминафинале.

На Србите им треба триумф против Бразил, или во најдобар можен случај реми, но тогаш им е потребна победа на Костарика против Швајцарците со два голови разлика.

Прашање е колку оваа вторава опција е реална, па затоа сигурно повеќе ќе размислуваат на првата. Далеку од тоа дека Бразил е непобедлив, се виде тоа и на премиерниот дуел дека е „ранлив", но ќе им биде многу тешко на Србите, бидејќи и избраниците на селекторот Тите се свесни дека пораз може да им значи елиминација.

Најново во Меѓународен Фудбал