ВАДА се интересира за Денис Черишев

Рускиот фудбалер користел хормон за растење?

објавено: 11 септември 2018 - 08:00

Светската антидопинг агенција (ВАДА) ги потврди информациите дека шпанската агенција за антидопинг го испитува играчот од средниот ред на Валенсија и руски репрезентативец Денис Черишев.

„Овој случај во моментов се води од страна на шпанската Антидопинг агенција, која ќе ја информира ВАДА за резултатите", изјави прес-службата на ВАДА.

Минатата недела, британски Телеграф објави дека анти-допинг агенцијата на Шпанија спроведува истрага против Денис Черишев во врска со јавна изјава на неговиот татко, Дмитриј, дека фудбалерот некое време добивал хормон за растење за да се забрза процесот на заздравување. Претходно, Дмитриј Черишев ги негираше неговите зборови.

Најново во Меѓународен Фудбал