„Кориере дело Спорт“ тврди:

Реал има замена за Лопетеги - Антонио Конте!

Перез во понеделникот имал лична средба со агентот на италијанскиот стратег, кој се уште е во спор со неговиот претходен клуб Челзи.

објавено: 18 октомври 2018 - 13:15

Антонио Конте е најверојатниот наследник на Хулен Лопетеги на клупат ана Реал (М). Веста денеска се појави на насловната страница на угледниот италијански весник „Кориере дело СПорт“.

Во „кралскиот клуб“ оваа сезона работите не одат како што треба подоаѓањето на Лопетеги како заменик на Зидан, па првиот човек на клубот веќе е комплетно ангажиран во изнаоѓење на план „Б“. По се изгледа од она што го тврди италијанскиот печат, работата е договорена и Конте само го чека првиот нов неуспех на Реал под водство на Лопетеги за да седне на „Бернабеу“.

Раководството на шпанскиот гигант во понеделникот било на состанок со агентот на Конте, а иста средба ќе има и со италијанскиот стратег многу скоро. 

Најново во Меѓународен Фудбал