Алавеш ги однесе бодовите од Мадрид

Рајо потопен дома, Столе на клупа

Нашиот репрезентативен голман и на оваа средба остана само на клупата за резерви, додека неговиот нов клуб претрпе вистинска катастрофа на домашен терен.

објавено: 22 септември 2018 - 15:10

Рајо Ваљекано го претрпе и третиот сезонски пораз во шпанската Ла Лига, откако денеска пред своја публика беше немоќен против екипата на Депортиво Алавеш. Гостите славеа со 5:1 во меч во кој нашиот репрезентативец голман Столе Димитриевски остана на клупата за резерви, а домашните средбата ја завршија со играч помалку.

Алавеш победе со голот на Наваро уште во 8. минута на мечот, по што следуваше период на домашните, кои преку Де Томас во 30. минута успеаја да израмнат. Радоста на Рајо траеше точно 4 минути, по што Ибаи со својот прв гол успеа да го врати гостинскиот тим во водство од 2:1. До крајот на првиот дел за одбележување е црвениот картон на Ба, кој ги остави домашните на цедило.

Во вториот дел Алавеш преку Калери само ја зголеми предноста на 3:1 во 56. минута, за Ибаи со вториот гол на 13 минути пред крајот да донес епредност и од 4:1. Конечните 5:1 беа дело на Бурхуи во дополнителното време.

Најново во Меѓународен Фудбал