КАТАЛОНЦИТЕ ИЗДРЖАА И ДОЈДОА ДО БОД СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ

Примера: Жирона ја запре Барса среде „Камп Ноу“! (ФОТО+ВИДЕО)

Во петтото коло од Примера екипата на Барселона одигра само нерешено 2:2 пред своите гледачи против Жирона. На тој начин прекината е серијата на Барса од четири победи по ред од стартот на сезоната.

објавено: 23 септември 2018 - 22:54

Вечерва на „Камп Ноу" каталонскиот гигант ја имаше фаворитската улога, но гостите покажаа храбро издание најпрвин во текот на првото полувреме каде што немаше екипа со предност.

Најпрвин во 19. минута Барса поведе преку својата најголема ѕвезда, Л. Меси после асистенцијата на А. Видал. Чилеанецот правовремено го пронајде Аргентинецот кој искусно и рутински го пронајде патот до мрежата на Боно.

Потоа, во 35. минута поради удирање со лакт кај домаќините директен црвен картон доби францускиот интернационалец Ленгле што претставуваше проблем за избраниците на тренерот Е. Валверде.

Тоа го искористија гостите непосредно пред самата пауза за израмнување, во еден нивни напад во 45. мин. нафрли една топка Адај во казнетиот простор на домашната одбрана која беше невнимателна, дојде топката до Стуани кој успеа да го „матира" тер Штеген.

Не издржа долго уште еднаш домаќинот со еден играч помалку, па прими уште еден погодок. Во 51. минута Стуани втор пат се запиша во листата на стрелците, Уругваецот искористи нова невнимателност на противникот.

До 58. минута Валверде веќе искористи три замени, во 63. минута следуваше ново израмнување, Пике беше највисок во гостинската одбрана која не успеа навремено да ја острани опасноста, па дојде и казната.

-НАЈИНТЕРЕСНИТЕ МОМЕНТИ ОД НАТПРЕВАРОТ БАРСЕЛОНА-ЖИРОНА (2:2) МОЖЕТЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Во текот на неделната програма од петтото коло во најсилната шпанска фудбалска лига се одиграа уште три средби: Леванте-Севиља 2:6, Виљареал-Валенсија 0:0 и Бетис-Атлетик Билбао 0:0.

Табела: Барселона 13 бодови, Реал Мадрид 13, Алавес 10, Селта Виго 8, Атлетико Мадрид 8, Жирона 8...

Најново во Меѓународен Фудбал