Првиот тениски рекет за претседател на европскиот шампион?

Перез си најде наследник: Надал е „печен“ да го преземе Реал (М)

објавено: 10 септември 2018 - 19:20

Претседателот на Реал (М), Флорентино Перез вели дека го гледа Рафаел Надал како негов идеален наследник на претседателското место во европскиот шампион. Шпанскиот тенисер е почесен член на раководството на "галактикоси" од 2011 година.

„Надал е одличен избор за претседател на Реал Мадрид. Тој е еден од најдобрите амбасадори на клубот во светот", изјавил Перез.

За да стане претседател на "кралскиот клуб", еден кандидат мора да бил дел од раководството најмалку 20 години. Надал ќе може да се номинира за ова место не порано од 2031 година, кога ќе има 45 години.

Најново во Меѓународен Фудбал