ПОВАЖНИ МУ БЕА „ЉУБОВНИТЕ“ ПОРАКИ ЗА РОНАЛДО

Наместо да го слави, Перез го понижи Модриќ

Првиот човек на Реал, Флорентино Перез дефинитивно е слаб на Роналдо. Тоа го докажа во Лондон.

објавено: 26 септември 2018 - 08:30

Фудбалскиот свет беше шокиран по одлука на Кристијано Роналдо да го облече дресот на Јувентус. Италијанскиот тим за услугите на Португалецот на Реал Мадрид му искешира 112 милиони евра, сума од која „кралевите“ беа задоволни. Сепак, не биле баш сите.

Првиот човек на Реал, Флорентино Перез дефинитивно е слаб на Роналдо, ова го покажа во Лондон. За време на свечената церемонија на која Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар играч во светот, а на која не се појави ѕвездата на Јувентус, газдата на Реал наместо да биде горд на Хрватот, тој му испрати љубовна порака на Кристијано.

„Да беше тука ќе го прегрнев. Тој е вистинскиот наследник на Ди Стефано и еден ден ќе се врати во Реал“, изјави Перез.

Најново во Меѓународен Фудбал