НАЈАВА, СТАРТ НА НОВАТА СЕЗОНА ВО ШПАНСКАТА ПРИМЕРА 2018/19

„МИСИЈА“ БЕТИС: Време е за Леванте, време е за „СПЕЦИЈАЛИСТОТ“ Енис Барди!

Денеска официјално ќе започне новата натпреварувачка сезона 2018/19 во најсилната шпанска фудбалска лига, Примера.

објавено: 17 август 2018 - 11:00

Денеска од 20:15 часот екипата на Жирона на „Мунисипал де Монтиливи" ќе го пречека Ваљадолид, додека од 22:15 часот Бетис на „Бенито Виљамарин" стадионот во Севиља ќе се соочи со Леванте на македонскиот интернационалец Енис Барди.

-ЛЕВАНТЕ ВО ОБИД ДА ЈА УРНЕ ТРАДИЦИЈАТА, НЕМА ПОБЕДА ВО ПОСЛЕДНИТЕ ОСУМ МЕЧЕВИ-

Леванте во ланската повратничка сезона во друштвото на најдобрите имаше големи осцилации. Од добриот почеток, преку еден катастрофално лош период кој донесе дури 15 кола без победа, додека одличната завршница ги остави далеку од зоната за испаѓање.

Доаѓањето на тренерот Пако Лопез ја „препороди" оваа екипа во завршницата од првенството и сега секако е желбата само да продолжи во тој ритам. Се чини дека до пред почетокот на првенството дека нема да има преголеми промени во играчкиот кадар, бидејќи не си заминаа премногу фудбалери. Засилувања беа воглавно повратници што биле на позајмица, или играчи кои ги откупија после периодот како позајмени.

Потоа, го продадоа играчот за врска за големи пари, Колумбиецот Џеферсон Лерма во Борнмут и тоа беше клупски рекорд кога се во прашање трансферите. Со тие пари ги доведоа црногорскиот дефанзивец црногорскиот репрезентативец Вукчевиќ, потоа фудбалерот од средниот ред Симон од Гент и напаѓачот Двамена од Цирих. Јасно е дека Симон сигурно нема да дебитира во овој натпревар, а прашање е дали тренерот Лопез и останатите веднаш ќе ги испрати на терен.

1. коло

ПРИМЕРА (22:15 ЧАСОТ)

БЕТИС-ЛЕВАНТЕ

-МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ-

Во последните пет меѓусебни пресметки триумфирала екипата на Бетис, а тимот на Леванте во тие дуели постигнал само еден гол и тоа пред четири години во домашниот пораз од 1:3. Следните четири Бетис ги добил со 0:1, 1:0, 4:0, а последниот меч годинава на 26. февруари беше 0:2. Бетис минатата сезона заврши на шестото место и избори пласман во Лига Европа, додека Леванте со 14 бодови заврши во долниот дел од табелата. Последен пат Леванте славел во 2012. година дома со 3:1

-ВЕРОЈАТНИ ПОЧЕТНИ СОСТАВИ-

Бетис: Пау Лопез, Манди, Бартра, Сиднеј, Гуереро, Гуардадо, В. Карваљо, Каналес, Фирпо, Будебуз, Морон (Санабриа).

Леванте: Олазабал, Коке, Постиго, Чема, Тоно, Дукуре, Кампања, Барди, Моралес, Рочина, Марти.

-ЕНИС БАРДИ-

Во дебитантската сезона блескаше со своите слободни удари и така го привлече вниманието во Шпанија и пошироко, статистички завршувајќи зад првата ѕвезда на Барселона, Лионел Меси.

Нашиот репрезентативец од вкупно 26. натпревари имаше девет голови во шампионатот, по два против Барселона и Атлетик Билбао, а по еден против Легањес, Еибар, Реал Сосиедад, Валенсија и Депортиво Ла Коруња.

Минатата сезона дебитираше во Примера со победа над Виљареал (1:0), а на тој меч започна како стартер во воведното коло.

ЛЕВАНТЕ ГО БЛИНДИРА БАРДИ: Кој го сака ќе треба да плати 50.милиони евра! ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Леванте ја користи опцијата за нов договор со Енис Барди! ПОВЕЌЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

Најново во Меѓународен Фудбал