Ѕвездата на Барса решен да го има Погба за соиграч

Меси го убедувал Валверде да го купат Пол Погба во јануари

Аргентинскиот лидер на тимот веќе подолго време настојува клубот да го донесе Погба по секоја цена, за Барселона да ја добие онаа форма по која беше позната во последните години.

објавено: 18 октомври 2018 - 11:30

Најголемата ѕвезда на екипата на Барселона, Лионел Меси, остварил лична средба со тренерот на тимот, Ернесто Валверде, на која инсистирал тој да направи притисок кај управата на клубот што е можно поскоро да го доведат Пол Погба на „Камп Ноу“.

Аргентинскиот лидер на тимот веќе подолго време настојува клубот да го донесе Погба по секоја цена, за Барселона да ја добие онаа форма по која беше позната во последните години. Меси смета дека Французинот би одговарал идеално за тимот, а освен тоа и нему ќе му биде исклучително лесно и пријатно да игра заедно со останатите фудбалери на каталонскиот клуб, а и многу лесно ќе се вклопи во фудбалската филозофија која ја негуваат каталонците.

Погба е во конфликт со менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо и веројатно ќе го промени клубот во јануари. За заминувањето на Погба од Манчестер се шпекулираше цело лето, па праѓшање е дали јануари ќе биде пресуден за неговото заминување од Англија.

Најново во Меѓународен Фудбал