ГОЛЕМ УДАР ЗА БАРСЕЛОНА

Меси го пропушта Интер и првото „Ел Класико“ по 2007 година

Повредата со која ѕвездата на каталонскиот гигант се здоби на вчерашната средба против Севиља сепак е посериозна. 

објавено: 21 октомври 2018 - 09:07

Тежок удар за Барселона во продолжение на сезоната. Иако првичните прогнози беа дека повредата на раката која Лионел Меси ја заработи по незгодниот пад на раката не е сериозна, дополнителните прегледи покажаа дека има лесна скршеница во пределот на лактот, која бара отсуство од терените во следните три седници.

Ова значи дека најдобриот фудбалер на каталонскиот гигант ќе го пропушти дуелот со Интер во рамките на Лигата на шампиони во среда, како и големото дерби против Реал Мадрид кое на програмата следната недела. За првпат по 2007 година Меси ќе пропушти едно „Ел Класико“. Најверојатно во составот на Барселона ќе биде за натпреварот со Бетис на 11 ноември.

За се е „виновен" дуелот со Франко Васкез во 16.минута од играта по која малечкиот Аргентинец падна на лактот на десната рака. Барселона на овој меч славеше со 4-2, но се чини скапо ја плати победата. 

Најново во Меѓународен Фудбал