КАТАЛОНЦИТЕ ТРГНУВААТ ПО ЕДНО ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАСИЛУВАЊА

Мега-трансфер на „Камп Ноу“: Дали Барса ќе го послуша Меси!? (ВИДЕО)

Според информациите Лионел Меси е одлучен да ја освои Лигата на шампионите после долги четири години. Тоа време за доминација го искористија „кралевите" предводени тогаш Кристијано Роналдо, кој сега има пет титули шампион на Европа, една повеќе од Аргентинецот.

објавено: 16 ноември 2018 - 15:15

И Лео Меси се вклучува во плановите околу можни трансфери во Барселона, ако не во јануари, тогаш сигурно наредното лето 2019.

А негова „мета" е - Мохамед Салах! Египќанецот полека се враќа во форма со која минатата сезона секојдневно го привлекуваше вниманието на светската фудбалска јавност.

Се чека одговор од страна на менаџерот на Редси, Јирген Клоп, но и Реал Мадрид, кој сигурно нема мирно да гледа како најголемиот ривал кој доведува првокласни засилувања.

Усман Дембеле се почесто е тема во изминатиот период и се шпекулира негово засминување од „Камп Ноу". Кога Каталонците би го понудиле францускиот интернационалец и одредена паричен износ, германскиот стратег би можел да се откаже од услугите на египетската ѕвезда.

Најново во Меѓународен Фудбал