ЈА ПРИФАТИ СОГОДБАТА

Роналдо се согласи: Две години условна затворска казна и огромна сума на пари

Најдобриот фудбалер во светот, Кристијано Роналдо денеска ги заврши сите правни проблеми со Шпанија каде е обвинет за затајување на данок. 

објавено: 20 јули 2018 - 13:48

Кристијано Роналдо ја прифати спогодбата, за затајување на данок во Шпанија доби две години условна затворска казна, а на Шпанија ќе и искешира 13,5 милиони евра за данок.

Сепак, поради шпанските закони затворската казна на португалскиот фудбалер од две години ќе биде преименувана во условна и на тој начин нема да оди зад решетки. Покрај 13,5 милиони евра, Роналдо се согласил да ги плати сите дополнителни администравни трошоци, па се вкупно ќе мора да искешира 19 милиони евра.

За потсетување, Роналдо е обвинет за затајување на данок во периодот од 2011 до 2014 година, неофицијално станува збор за цифра од 14 милиони евра.

Истрагата и судењето траеа долго, а пред него со ваков проблем се соочија, Лионел Меси, Алексис Санчез, Лука Модриќ, Нејмар...

 

Најново во Меѓународен Фудбал