ИЗГЛЕДА ДЕКА СЕ Е ПОЗНАТО ОКОЛУ ИДНИНАТА НА ХРВАТОТ

Крај на „сапуницата“: Лука Модриќ донесе конечна одлука!

После повеќенеделни шпекулации околу заминување на хрватскиот репрезентативец во италијанскиот Интер, Лука Модриќ стави точка и им се посветува на тренинзите на Реал Мадрид.

објавено: 10 август 2018 - 19:06

Интер испрати една навистина интересна понуда според која би потпишал договор на шест години, од кои првите четири би ги одиграл на „Меаца", а преостанатите две во кинескиот тим Џангсу Сунинг со кој италијанскиот тим го има истиот сопственик.

Играчот за врска на кралскиот клуб не се огласуваше по повод овие шпекулации, но ниту ги демантираше, затоа што расмислуваше околу понудата на „неро-аѕурите".

Според најновите информации кои ги пренесува шпанскиот „АС", до извори блиски околу Модриќ, десетката на Реал кариерата ќе ја продолжи во Мадрид.

Исто така, се потврди и преку најновиот „твит" на Хрватот кој гласи вака: „Назад на работа", каде што можеме да го видиме на тренинг кампот на Реал Мадрид.

Сето ова може и да се смета како еден вид борба за нов подобар договор, бидејќи не е ниту блиску до најплатените Бејл и Рамос (11 милиони евра) или Крос и Бензема (8,5 милиони евра).

За очекување е добитникот на „Златната топка" од Светското првенство во Русија да има поголема плата (моментно прима 6,5 милиони евра) и долгогодишно продолжување на соработката и останување во шпанскиот главен град.

Најново во Меѓународен Фудбал