По најавите за штрајк на фудбалерите

Клубовите од Ла Лига ќе одлучат дали ќе играат во САД

Ла Лига ќе им остави на клубовите сами да одличат дали сакаат да играат во САД. Ако играат им вети големи бонуси и дополнителни приходи. Први на потег се Жирона и Барселона кои веќе добија покана својот меч во јануари да го одиграат во Мајами.

објавено: 11 септември 2018 - 08:30

Ла Лига постигна договор со шпанската фудбалска асоцијација за одигрување на некој од натпреварите во лигата на територијата на САД. Фудбалерите ќе добијат одлучувачко право на глас дали дуелите од Ла Лига кои се планирани да се одиграат во САД ќе сакаат да ги одиграат таму или не.

Сојузот на професионални фудбалери во Шпанија, првично изјави дека се разочарани од фактот дека шефот на Ла Лига Хавиер Тебас не ги вклучи во плановите и одлуките. Пред неколку недели фудбалерите се заканија со штрајк доколку им биде наметната ваква одлука да играат натпревари од Ла Лига надвор од земјата. По средбата со Тебас, преставниците на Барселона кои заедно со Жирона треба да го одиграат првиот меч од лигата надвор од Шпанија, велат дека во моментов се бара најдоброто решение за играчите, навивачите и за фудбалот.

Првиот дуел преку Aтлантикот е планиран за јануари. Тоа е дуелот меѓу Жирона и Барселона кој треба да се одигра во Мајами. Според Ла Лига, клубовите не се обврзани да играат во САД, но можат да обезбедат дополнителен приход.

Најново во Меѓународен Фудбал