ХРВАТСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОСЛЕ ДУЕЛОТ СО АТЛЕТИКО МАДРИД

ГОТОВО: Модриќ им испрати порака на навивачите на Реал!

33-годишниот фудбалер им испрати порака на навивачите на Реал Мадрид после поразот во УЕФА Суперкупот во Талин од Атлетико Мадрид (2:4, по продолженијата).

објавено: 17 август 2018 - 09:30

Досега Лука Модриќ беше голема желба на Интер, а клубот од Милано повеќе од 10 дена интензивно преговараше со менаџерите на Хрватот и на сите начини се обидуваа успешно да завршат разговорите.

Денеска официјално завршува летниот преоден рок во Италија, а ако се суди според најновата објава на Модриќ на „Инстаграм", тој дефинитивно останува на „Сантјаго Бернабеу".

„Тежок пораз (на мечот со Атлетико), но еден неуспех не ја дефинира оваа екипа! Време е да се подигнеме и да продолжиме да работиме како и секогаш. Хала Мадрид".

Овој пост веќе собира скоро 1 милиони лајкови. Како и да е, сагата и официјално е завршена. Лука Модриќ барем ова лето не оди во Интер, а со Реал веќе може да се насочува кон новата сезона во Примера и првото коло в недела дома против Хетафе (22:15 ч.)

Најново во Меѓународен Фудбал