НЕ ИМ Е ЛЕСНО НИТУ НА ГОЛМАНИТЕ

Буфон: Да сум на местото на Касилјас би збеснал...

објавено: 11 декември 2013 - 16:38

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон изјаив дека би збеснал доколку би се нашол во ситуација во каква што е Икер Касилјас во последните две години во Реал Мадрид.

Иконата на „кралскиот клб“ ротираше на гол линијата со Диего Лопез во ланската сезона, а во оваа со Кејлор Навас.

„Секако е поинаку, но јас би збеснал да сум на местото на Касилјас. Не се согласувам со таа политика на ротација, да сум на негово место би се чувствувал како да сум казнет“, изјави 36-годишниот Буфон.

„Кога сум подготвен, сакам да играм на секој натпревар бидејќи и понатаму се чувствувам во добра кондиција. Секако, доколку резултатите му даваат причина на тренерот да менува нешто, тогаш тоа е нормално. Сепак, моќе да биде проблем доколку пречесто се одмораш“, додаде италијанскиот чувар на мрежата.

Касилјас е под голем притисок од медиумите од навивачите, а Буфон вели дека е многу изненаден од неговата ситуација и додава:

„Голманот не е непогрешлив, исто како што може да направи неверојатни одбрани, така може и да погреши. Згора на тоа кога се носи дресот на клубови какви што се Реал или Јувентус, критиката е уште пожестока. Тоа може да влијае дестабилизирачки, може да се загуби сигурноста“, додава Буфон.

Најново во Меѓународен Фудбал