На Каталонците им се брза

Барса не сака да чека, сака веднаш да ги добие парите за Пако и Паулињо

Иако и двата клуба имаат време да размислат до крајот на сезоната дали навистина сакаат да ги откупат договорите на овие двајца фудбалери, од Барселона инсистираат тоа да го направат до јануари.

објавено: 16 ноември 2018 - 19:15

Првите луѓе на Барселона веќе почнаа разговори со Борусија (Дортмунд) и Гвангжу Евергранде за продажба на Пако Алкасер и Паулињо, кои во моментов настапуваат во Германија и Кина како позајмени играчи.

Иако и двата клуба имаат време да размислат до крајот на сезоната дали навистина сакаат да ги откупат договорите на овие двајца фудбалери, од Барселона инсистираат тоа да го направат до јануари. Причина се секако парите, кои на Барселона и се потребни за да се подготвува за нови трансфери оваа зима.

Борусија мора да плати 23 милиони евра ако сака постојан договор со Алкасер кој од почетокот на сезоната се покажа како извонредно засилување за „милионерите“. Во оваа фаза оваа зделка изгледа сигурна, бидејќи шпанскиот репрезентативец во Бундеслигата изгледа како дома.

Во исто време договорот со Кинезите е околу 50 милиони евра кои Барса ги бара за Паулињо, но навистина е нејасно дали Гвангжу ќе биде подготгвен да ја плати оваа сума.

Најново во Меѓународен Фудбал