Бразилецот има „дил“ со првиот човек на ПСЖ

Ал-Келаифи го продава Нејмар за 220 милиони евра!

објавено: 18 октомври 2018 - 14:30

Нејмар има договор со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, дека може да го напушти клубот доколку некој за него извади понуда тешка 220 милиони евра.

Ова е веста која денеска доаѓа од шпански извори, по наводниот засилен интерес на Барселона за потписот нас Бразилецот. Најновите гласини, повторно го ставаат по притисок францускиот клуб, кој очигледно ќе влезе во немирен јануарски преоден рок. Извештаите на дел од медиумите блиски до клубот, тврдат дека Бразилецот сака да се врати во Шпанија и да заигра повторно за Барселона.

Наводниот договор меѓу Бразилецот и Ал-Келаифи му дозволува на Нејмар да си замине, доколку летово за него дојде астрономска понуда. Нејмар наводно стапил во контакт со висок официјален претставник на Барса пред неколку недели, за да побара од клубот да го протурка неговото враќање, велејќи дека тој направил грешка што си замина од „Камп Ноу“.

"Мундо Депортиво" во средата објави дека Нејмар сакал да се врати во својот поранешен клуб, а одлуката ќе остане само на менаџерот Ернесто Валверде.

Најново во Меѓународен Фудбал