ЗА ДУЕЛОТ ВО ЛИГАТА НА НАЦИИ И ПРИЈАТЕЛСКАТА СО БИХ

Шпанија доаѓа на „Максимир“ со Жорди Алба, го нема Диего Коста!

Шпанија ќе се соочи против Хрватите во УЕФА Лигата на нации на 15. ноември, а три дена подоцна има пријателска против Босна и Херцеговина. Жорди Алба се враќа за новиот натпревар во новото УЕФА натпреварување против светскиот вицешампион на стадионот „Максимир" во Загреб и контролниот меч со Босанците.

објавено: 8 ноември 2018 - 17:30

Левиот бек Алба кој има одличен старт сезонава на Блауграна го заменува играчот на Челзи, Маркос Алонсо. За овој циклус прв пат во тимот се дефанзивецот на Реал Сосиедад, Диего Љоренте и фудбалерот на Еспањол, Марио Хермосо.

Иниго Мартинез е тука и покрај „контроверзниот" повик од селекцијата на Баскија, сеуште нема место за Диего Коста, а Пако Алксер иако стрелаше против Борусија Дортмунд, шанса ќе добие Иско од селекторот Луис Енрике.

на табелата во групата 4 од Лигата „А" води Шпанија со шест бодови која нема може да испадне од лигата, втора е Англија (четири), а последна Хрватска (еден). Да потсетиме, на првиот меѓусебен дуел на 11. септември во Елче Шпанија ја декласираше Хрватска со 6:0.

Составот на Шпанија за дуелите со Хрватска и БиХ: Пау, Де Геа, Кепа, Ото, Азпиликуета, Диего Љоренте, Рамос, Хермосо, Иниго, Гаја, Алба, Серхи Роберто, Себалос, Браис, Родри, Бускетс, Форналс, Саул, Сусо, Родриго, Аспас, Мората, Асенсио, Иско.

Најново во Меѓународен Фудбал