УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ

Шпанците се враќаат со три бода од „Вембли“

објавено: 8 септември 2018 - 22:53

И третпат едноподруго репрезентацијата на Англија не успеа да победи во меч против „црвената фурија". Во меч од 1. коло во Лига „А" делот од УЕФА Лигата на нации, вечрва на „Вембли" избраниците на Луис Енрике ја поразија четата на герет Саутгејт со 2:1 и направија голем исчекор во битката со Хрватска и Англија на патот до завршната рунда во ова натпреварување.

Англичаните тргнаа одлично и погодија преку Маркус Рашворд во 11. минута за 1:0, но радоста траеше само две минути, затоа што Шпанија преку Саул Нигуез успеа да возврати за 1:1. До крајот на првото полувреме „фуријата" со голот на Родриго дојде и во водство од 2:1, кое се покажа и како конечен резултат на средбата, затоа што во второто полувреме фановите не видоа погодок.

Во рамките на Лига „А" делот, денеска перфектен настап имаа Швајцарците кои го „размонтираа" тимот на Исланд совладувајќи го со 6:0.

ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА „А"
Швајцарија - Исланд 6-0
Англија - Шпанија 1-2
ЛИГА „Б"
С. Ирска - БиХ 1-2
ЛИГА „Ц"
Финска - Унгарија 1-0
Естонија - Грција 0-1
ЛИГА „Д"
Белорусија - Сан Марино 5-0
Луксембург - Молдавија 4-0

Најново во Меѓународен Фудбал