ГО ПОКАЖА ЦЕЛИОТ СВОЈ ФУДБАЛСКИ РАСКОШ

Шоу на Суарез: Паненка, „магија“....(ВИДЕО)

Уругвај славеше со 4:1 на пријателскиот дуел со Мексико, а најзаслужен за триумфот на својата репрезентација беше ѕвездата на Барселона, Луис Суарез

објавено: 8 септември 2018 - 09:15

Уругвај славеше со 4:1 на пријателскиот дуел со Мексико, а најзаслужен за триумфот на својата репрезентација беше ѕвездата на Барселона, Луис Суарез, ја покажа сета раскош на својот фудбалски талент.

Ургувај поведе во 21. минута со погодокот на Гименез, четири минути подоцна Хименез израмни од белата точка за 1-1.

Потоа на сцена настапи Суарез.

Прво во 32. минута постигна прексрасен подогок од слободен удар за враќање на водството, за да пет минути подоцна, пред одморот од белата точка, на мајсториски начин со паненка зголеми на 3:1.

Но, тука не застана, публиката ја почести со уште една мајсторија. Овој пат не беше стрелец на голот, испрати одлична топка до својот соиграч, кој ја имаше полесната задача со глава да ја смести во мрежата на противникот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал