ТРЕНЕРОТ НА БЕШИКТАШ

Шенол Ѓунеш предупредува: Да не го заборавиме Вардар...!

Вчера во првиот натпревар од 2. квалификациско коло на Лига Европа, Бешикташ како гостин со 0:2 трумфираше во Фарски Острови против Б36 Торшавн.

објавено: 27 јули 2018 - 14:42

Но, и покрај ваквиот резултат тренерот на Бешикташ, Шенол Ѓунеш не го потценува послабиот противник и предупредува дека ништо не е готово, во фудбалот секогаш се можни изненадувања.

„Многу лесно може да ви се врати како бумеранг, ако не ја сфатиме сериозно задачата. Да не заборавиме, лани шведскиот Остерсундс го елиминираше Галатасарај, а Фенербахче елиминиран од македонскиот Вардар", рече Ѓунеш.

Да потсетиме, „црвено-црните" лани направија историски успех со пласманот во групната фаза на Лига Европа.

Во плеј-офот на првиот дуел во Скопје беше 2:0 за Вардарци кои триумфираа и на возвратниот дуел со 2:1 и со вкупни 4:1 приреди голема сензација елиминирајќи го турскиот гигант.

Ѓунеш ги предупреди сите во својот стручен штаб дека не смее во ниту еден момент да се дозволи опуштање во ваквите натпревари.

„Оваа сезона отвораме нова страна на европската сцена. И на реваншот против Б36 Торшавн мораме да играме дисциплинирано, не сакаме да ги разочараме нашите навивачи", додаде Ѓунеш.

Најново во Меѓународен Фудбал