ДЕНЕШНИОт ДУЕЛ ЗА НЕКОИ ИГРАЧИ ЌЕ БИДЕ ПОВЕЌЕ ОД САМО ДУЕЛ

Шаќири ќе ја нападне Србија со провокација за Косово

Дел од репрезентативците на Швајцарија имаат албански корени и тоа им е дополнителен мотив за дуелот против Србија

објавено: 22 јуни 2018 - 09:00

Џердан Шаќири дополнително ги загреа страстите пред вечерашниот меч на Швајцарија против Србија. Репрезентативецот на Швајцарија има потекло од Косово и најави дека со посебен мотив ќе игра на овој меч. 

Освен Шаќири, со албански корени се и во репрезентацијата на Швајцарија се и Гранит Џака, Ваљон Бехрами и Блерим Џемаили. Шаќири ги промовираше копачките на кои на едната стои швајцарското знаме, а на другот е знамето на Косово, што ќе биде дополнителна провокација за Србите.

Најново во Меѓународен Фудбал