ништо ново кога се работи за Португалецот

Сезоната уште не е почната, а Мурињо веќе „плаче“

Стратегот на Манчестер Јунајтед не смее да ја повтори ланската разочарувачка сезона

објавено: 19 јули 2018 - 17:30

Манчестер Јунајтед ги започна подготовките во пресрет на новата сезона, а тренерот Жозе Мурињо веќе има забелшки. Португалскиот стратег вели дека за него е многу „лош период“ да се водат летните подготовки.

Ваквиот заклучок на Мурињо доаѓа по отказот на Алексис Санчез на летната турнеја во САД, како и задоцнетото враќање на Пол Погба, Ромелу Лукаку, Маркус Рашфорд, Маруан Фелаини и Фил Џонс, кои до самиот крај беа дел од Светското првенство во Русија. Санчез има проблеми да добие американска виза поради неплатениот данок во Шпанија, каде јавното обвинителство има покренато обвинение против него. 

„Подготовката за предсезоната е многу лоша. Притиснати сме, бидејќи не трениравме во полн состав“, вели Мурињо. 

Првиот меч на Манчестер Јунајтед во новата сезона од Премиерлигата ќе го игра на 10 август против Лестер на „Олд Трафорд“. 

Најново во Меѓународен Фудбал