ЛУДНИЦА ПРЕД КУЌАТА НА СЕЛЕКТОРОТ НА ХРВАТСКА

Селекторот Златко Далиќ доби своја улица во Вараждин

Соседите на стратегот на „коцкестите“ играат фудбал пред неговиот дом

објавено: 17 јули 2018 - 16:40

Селекторот на хрватската репрезентација Златко Далиќ вечерва се враќа во својот дом во Вараждин. Градот кој е горд на стратегот кој ги предводеше „коцкестите“ до среброто на Светското првенство во Русија, ќе направи пречек за Далиќ. 

Граѓаните решија улицата на која живее селекторот, да ја претворат во фудбалски терен и да играат со топката, а ставија и натпис дека тоа е улица Златко Далиќ, што значи дека тој дел од градот е во негова чест. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал