ЛУТИОТ РИВАЛ НА ЛИВЕРПУЛ СЕ МАЈТАПИ СО ГОЛМАНОТ КИКСЕР

Сеир си тераат со него: Кариус да биде почесен граѓанин на Манчестер

Чуварот на мрежата на Ливерпул е виновен за два од трите гола кои ги прими синоќа во финалето на ЛШ против Реал Мадрид

објавено: 27 мај 2018 - 19:45

Лорис Кариус стана тема за сеир во Англија. Голманот на Ливерпул синоќа се претвори во трагичар за својот тим, а во исто време стана и тема за потсмев кај ривалите. Германецот кој во 2016 година дојде на „Енфилд роуд“ од тимот на Мајнц, е директно виновен за два од трите гола кои ги даде Реал Мадрид. 

Освен фановите на Реал Мадрид, меѓу оние кои најмногу се радуваат на киксовите на Кариус, секако се навивачите на Манчестер Јунајтед. Најлутиот ривал на Ливерпул во Англија е среќен што Реал е шампион на Европа. 

„Во понеделник, Кариус ќе биде прогласен за почесен граѓанин на Манчестер“, се пошегува на твитер профилот, некогашниот капитен на Англија во крикет, Мајкл Вогн. 

Најново во Меѓународен Фудбал