Критики од сите страни за првата ѕвезда на бразилците

Се радуваа што се врати на време, а сега го „плукаат“: Нејмар е арогантен и егоист

Најдобриот играч на „кариоките“ е критикуван за својата игра во дуелот против Швајцарија

објавено: 18 јуни 2018 - 18:28

Сите бразилски фудбалски фанови едвај чекаа да слушнат дека Нејмар закрепнал од повредата и дека ќе биде подготвен за настап на Светското првенство во Русија. Сега, по само еден меч кој го одигра Бразил, Нејмар е цел на критики и навреди од бразилската јавност. 

Иако беше апсолутен фаворит, Бразил во дуелот против Швајцарија одигра само 1:1 и не започна како што посакуваше на планетарниот собир. Нејмар беше речиси невидлив, кога се работи за тоа колку беше корисен за тимот. 

„Нејмар апсолутно беше катастрофа. Тој на теренот ќе одигра како што треба и мораше да биде заменет. Не допринесе апсолутно ништо за тимот. Бразил има добар тим и мора да победува, а Нејмар да помогне во тоа“, стои во дел од анализата на бразилските медиуми. 

И некогашниот играч Зе Елијас се сложува со тоа дека Нејмар потфрли. 

„Тој делуваше егоистично на теренот и затоа беше толку пати фаулиран. Едноставно како да заборави дека е дел од тимот и премногу долго ја држеше топката во своите нозе“, вели Зе Елијас. 

Најново во Меѓународен Фудбал