ИТАЛИЈАНСКИОТ ТРЕНЕР ОТКРИВА

Сари: На телевизија дознав дека ме отпуштиле од Наполи

Маурисио Сари не знаел дека раководството веќе му потпишало отказ. Се изначудил кога ја видел веста на телевизија

објавено: 8 септември 2018 - 11:45

Новиот тренер на Челси Маурисио Сари во интервју за италијански весник откри дека за отказот од Наполи дознал од телевизија.

Бев на вечера со спортскиот директор на која разговаравме околу мојата иднина во клубот. Дилемата беше дали да останам или не. На телевизија одеа спортски вести и се појави видео како Де Лаурентис го претставува Анчелоти за нов тренер на Наполи. Новинарот кажа „поранешниот тренер Сари..." и тогаш разбрав дека сум сменет од тренерската позиција. Дури и Помпилио (спортскиот директор на клубот) не знаеше што се случува", изјави Сари.

 

Многу ме погоди односот на Де Лаурентис кон мене. Не беше проблем што одлучил да ме смени, проблемот беше што не ми беше кажано дека се планира такво нешто. Заслужив барем трошка почит по тоа што го направив за клубот", додаде италијанскиот тренер кој во новата сезона го предводи Челси.

Најново во Меѓународен Фудбал