СЕЛЕКТОРОТ НА „ГАУЧОСИТЕ“ ЈА НАЈДЕ ПРИЧИНАТА

Сампаоли знае кој е виновникот: Меси не можеше да дише!

Храбриот Исланд успеа да им „откине" бод на Аргентинците, а трагичар беше Лионел Меси кој не реализираше пенал за победа.

објавено: 16 јуни 2018 - 19:20

Селекторот Хорхе Сампаоли секако незадоволен од стартот и пропуштената шанса да се стартува Мундијалот со победа, но и дека ништо не е готово.

„Загрижен сум што не ги освоивме трите бода, но не и за нереализираниот пенал, тоа е само статистички и ништо повеќе. Не беше лесен натпреварот, како што можевте да видите дека противниците нон-стоп беа околу Меси и тој едноставно како да немаше воздух.

Но, самодовербата кај него ми дава за право да се надевам дека во наредните мечеви можеме да очекуваме подобри резултати. Мораме да бидеме смирени и силни, верувам дека го имаме сиот капацитет да ги победиме сите на СП", рече селекторот на Аргентина, Сампаоли.

Својот втор меч на Мундијалот „гаучосите" ќе го имаат на 21. јуни против Хрватска на стадионот во Нижњи Новгород.

Најново во Меѓународен Фудбал