ПОТВРДА ЗА ТОА КОЈ БЕШЕ СЕЛЕКТОР НА ДУЕЛОТ ПРОТИВ НИГЕРИЈА

Сампаоли го прашува Меси: Да го пуштам ли Агуеро во игра? (Видео)

Аргентина го доби решавачкиот меч со 2:1 и сега може да мисли на дуел против Франција

објавено: 27 јуни 2018 - 11:56

Лионел Меси бил човекот кој го одредил составот на стартните 11 играчи за синоќешниот меч против Нигерија. Иако селекторот Хорхе Сампаоли не сака да признае дека е „безгласна буква“ во таборот на Аргентина, камерите го уловија како стратегот го прашува Меси, дали да го пушти Серхио Агуеро во игра. 

На полувремето од средбата со Нигерија, Меси ги собра сите фудбалери и им оддржа говор за тоа како треба да се одиграат вторите 45 минути. На крајот се излезе како што посакуваа Аргентинците, па некогашниот двократен светски првак ќе се најде во осминафиналната фаза. 

Најново во Меѓународен Фудбал